19 декември 2007

Битола - Основни податоци за Битола

Битола или Град на конзулите, е град во југозападниот дел на Република Македонија. Битола е административен, културен, економски, индустриски, образовен и научен центар.

Градот е опкружен со планините Баба (со врвот Пелистер, 2,601 m) и Ниџе, лежи на реката Драгор, во центарот на пелагониската котлина, на 14 km северно од границата со Република Грција, на надморска височина од 576 m.

Битола е важна трговско-патничка врска помеѓу Јадранското и Егејското Море, како и една од најзначајните патнички врски на Балканот со Централна Европа. Се смета за еден од најубавите градови на Балканот со убаво уредени шеталишта, паркови и градби. Во Битола има бројни дипломатски прертставништва на странски држави во Република Македонија.

Според бројот на жители, Битола е втор по големина во Република Македонија, додека по површина е трет. Град со една од најстарите истории во Европа. За време на Југославија бил еден од културните центри, како во Кралството Југославија, така и во СФР Југославија.

Нема коментари: