19 декември 2007

Кавадарци - Интересна статија за Кавадарци

Кавадарци е град во југо-западниот дел на Повардарието.
Се наоѓа во централна Македонија, поточно во Тиквешијата и е воедно и центар на Тиквешијата.

Градот лежи на надморска восочина помеѓу 230 и 270 метри. Во него имаат влијание како Континенталната, така и медитералната клима, при што просечната годишна температура изнесува 13,5 С, (со летна температура преку 40 С, а зимската и до минус 25) За потеклото на името Кавадарци постојат многу легенди, „најсакана“ е онаа за овчарот што си ја барал кравата, а научно гледано името доаѓа од новогрчкиот збор Кавадион - што значи скапоцена наметка.

Кавадарци во пишани документи за првпат се споменува во 16-ти век. Но постоењето на многу манастири од 14-от, 15-от и 16-от век покажува дека населбата Кавадарче, Кавадарџик, Каварџик ... постои од порано.

Првите световни училишта во Кавадаречко биле отворени во почетокот на 17-от век, во населбата Ваташа која денес е сврзана со градот Кавадарци била пренесена првата печатница на Балканот, во Кавадарци е создадена првата република на Балканот (многу порано од Крушевската, но пради своето неспектакуларно создавање и гасење, не многу позната во историјата). Во 1894 год. по иницијатива на Даме Груев е формиран комитет на ТМОРО кој е прв комитет во Македонија по Солунскиот.

Од почетокот на 20от век во Кавадарчко и Тиквешијата делуваат неколку револуционерни организации кои се бореле за осамосталување на Македонија од Османлијската, а подоцна и од српската окупација. На 19.06.1913 година, било дигнато востание и за кратко време биле ослободени Кавадарци, Ваташа, Неготино и голем број на села во Тиквешијата.

Но ова Тиквешко востание накрајот било задушено од српските окупатори и биле погубени околу 500 Тиквешани со што се забележува како најкрвавиот настан во историјата на овој регион. Во 1919 година е формирана кумунистичката партија во Тиквешкиот регион и во периодот до завршувањето на втората светска војна е главен носител на револуционерното движење. Во втората светска војна до ослободувањето на 07.09.1944год.

Кавадарци даде 330 жртви од кој најболни останаа Дванаесетте Ваташки деца. Во најглупата војна од поново време - војните при распаѓањето на СФРЈ, Кавадарци и ако не вклучено директно во војните загуби свои синови како во Словенија така и во Хрватска.

Идеалните географско/метеоролошки услови овозможувале да Тиквешкиот регион се развива како земјоделски крај во кој се одгледуваат голем број на земјоделски култури. Во поново време се издвојува лозаропроизводството.

Но тука исто така е добро познато тутунопроизводството (во периодот на шеесетите и седумдесетите години било произведувано и до 1’000’000 кг. тутун), а плантажите со афион и памук веќе се минато. Со изградбата на браната на Црна река, кај Возарци и создавањето на акумулационото езеро Тиквеш се оди во правец на развивање на земјоделството, а со изградбата на металуршкиот гигант ФЕ-НИ се уништува еколошки чистата средина и несвесно се работи на уништување на овој земјоделски крај.

Демир Хисар - Урбана населба и факти за Демир Хисар

Демир Хисар, или како што во превод го нарекуваат Железна Планина, е област која се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија, или северозападно од Пелагониската низина, околу горниот слив на Црна Река со нејзините притоки.

Во поголемиот дел релјефот е ридско-планински, а мал дел по течението на Црна Река е низински. Посебен знак на одбележување на оваа област се планините Бигла, Илинска и Плакенска Планина, на која што се наоѓа и највисокиот врв од 2000 m., кои што ја одделуваат Демирхисарската област од Преспанско-охридската област. Поради богатството на овие планини со железна руда, и областа го добива името Железник, кое се менувало во зависност од владателите во различни периоди.

Оваа област се среќава како Сидеро Кастрон, што од грчки значи Железна Тврдина, а Демир Хисар е име што Турците го дале на оваа област што би значело Железна Планина. Тоа е името што и денес го носи. Територијата на општина Демир Хисар зафаќа површина од 478 km² и се вбројува во средно големите општини на Р. Македонија, со просечна густина на населението 21,5 жители на km².

Населбата почнува да се развива некаде од средината на декември 1945 година, кога во Демир Хисар е формирана општествено - политичка административна заедница - Околиски народен одбор, прво со седиште во с. Лопатица, а од пролетта 1946 година, по извршената територијална корекција, седиштето е пренесено во село Мургашево, со седиште во стариот Слепчански ан (на местото на денешната автобуска станица).

Демир Хисар како урбана населба, од своето формирање постојано бележи пораст на населението. Така спрема пописот во 1961 г. населбата броела 1129 жители. Во 1981 година имало 2283, а во 1985 - 2633 жители. Тоа докажува дека луѓето од селските населби нагло ги напуштале своите домови и се населувале во Демир Хисар.

Денес, Демир Хисар е урбанизирана населба од градски тип која ги има сите услови на мало градче. Изградена е електрична мрежа, водовод, одводна канализација, асфалтирани улици и поврзана е со современ коловоз со соседните градови Битола, Крушево, Кичево и Прилеп

Демир Капија - Кратко Пократко за Демир Капија

Демир Капија (на турски: Железна Порта, Железна Врата) е мало градче во Ниска Македонија непосредно пред познатата Демиркаписка клисура од левата страна на реката Вардар. Според пописот од 2002 година во Демир Капија живеат 3275 жители.

Главната стопанска гранка во градот и околината е земјоделството особено одгледувањето на винова лоза, житни култури, градинарски култури (црвена пиперка) и тутун. Од другите стопански гранки застапено е ископувањето на песок и камен за градежништвото. Демир Капија е важна железничка станица и се наоѓа непосредно до меѓународниот авто-пат Е-75.

Делчево - Историја на град Делчево

Делчево е град во источниот дел на Република Македонија сместен во котлината Пијанец во близина на границата со Бугарија.

Делчево, според едно предание во византиско време се викало Василево, што преведено од грчки значи Царево Село. За прв пат како населба Царево Село се споменува во една повелба на Цар Душан од 1347 до 1350 година. со неа тој му подарил повеќе места и ниви од Пијанец на манастирот од Лесново. Во турско време Делчево се викал и Султанија.

До 17 век населбата лежела на десната страна на реката Брегалница на денешниот топоним Селиште, поточно под ридот Острец близу до патот што води за Република Бугарија. Од првите векови на турското владеење за положбата на Делчево нема многу податоци. Во средината на 17 век во неговата околина претстојувал султанот Мехмед IV. Во времето на неговата посета на Пијанец врз населението е извршено масовно потурчување. Поради зулумот и притисокот многу македонски населби опустеле, а меѓу нив и тогашното Царево Село. Се претпоставува дека во времето на тој султан населбата е преместена на денешното место на левата страна на реката Брегалница. Како доказ се наведува и градската џамија изградена во 17 век.

Но, на размислување упатува тоа што турскиот патеписец Евлија Челебија тука поминал само неколку години подоцна во 1670 год. и во својот Патепис запишал: “Од Виница се поткачивме на кочанската планинска рудина, движејќи се низ клисурата и по четири часа стасавме во Царево Село. Ова е муслиманско село расположено во полите на една планина и е украсено со околу 100 куќи и една ѓевѓирана со минаре чудесна џамија.

Треба да се спомене и народното предание кое вели дека населбата под ридот Острец се запустила кога владеела болеста чума и преживеаното население се населило на местото каде што денес е Делчево.

Како најстар дел на градот се смета турската колонија што се создала околу џамијата. Според Јаранов, се до 19 век Делчево било село, турска колонија, населена со чистокрвни Турци и голем дел потурчено население, наречено помаци кое не го знаело турскиот јазик. Само неколку фамилии биле македонски.

Кон средината на 19 век почнала да се развива чаршијата и да расте населбата, а воедно и да се зголемува македонското население. Откако се исполнил просторот во Средно маало, започнало ширењето преку Гочо Поток т.е. горно маало или денешен I реон. Во 1863 год. во Делчево имало 75, а во 1873 год. 109 македонски куќи.

Во 1856 година била завршена изградбата на црквата околу која главно било населено македонско население кое бегало од турските зулуми во околните села. Поголемо иселување на македонското нселение од овој крај имало во 1878 год. поради турскиот притисок по Руско-турската војна. Во тоа време имало поголемо населување на турско население од Бугарија, па дури и од Босна и Херцеговина. Околу 150 македонски домакинства од селата и градот се иселиле во Ќустендилско. Придојденото турско население, наречено “Маџирци” се населило во Маџирско маало, денешниот III реон на градот.

На левата страна покрај реката Брегалница, на тесниот рамен простор каде што биле мегданите и ановите, започнала градбат на трговските и занаетчиските дуќани покрај двете тесни улици. Со тоа конечно се формирала чаршијата и Делчево прераснало во градска населба.

За време на балканските војни голем број на турското население го напуштило градот, така што во 1914 година бројот на жители изнесувал 1701. По овие војни дошла нова македонска населеничка струја од околните села, а најмногу од пасивните села Бигла, Селник и Драмче кои ги купувале турските имоти.

Во 1931 год. бројот на населението се зголемило на 3746 жители. По оваа година доброволно продолжило иселувањето на турското население во Турција, особено во 1953 година. Во 1935 година започнале да се градат првите куќи на десната страна на реката Брегалница.

По ослободувањето, на 23 април 1950 година Президиумот на Народното собрание на НР Македонија донесува одлука Царево Село да биде преименувано во Делчево, во чест на Гоце Делчев.

Во шеесетите години градчето се прошири на десната страна на река Брегалница, а во седумдесетите и на ридот Милково Брдо. Со порастот на вработените во работни организации во Делчево, растеше и бројот на населението во него. Денес Делчево е модерна градска населба со широки асфалтирани улици и булевари, канализациона мрежа и со паркови и зеленило.

Дебар - Информации за градот Дебар

Дебар е град во крајниот западен дел на Западна Македонија и воопшто на Република Македонија близу до границата со Албанија. Од Скопје е оддалечен 131 km, а најблиски градови до него се Струга (52 km) и Гостивар (71 km). Дебар лежи во југоисточниот дел на Дебарското поле на надморска височина од 625 метри. Истотака Дебар е опкружен со планините Дешат, (Крчин) Стогово и Јабланица. Дебар се наоѓа, до Дебарското Езеро, кое е заезерено на утоката на Радика во Црн Дрим.

Првиот пишан документ што го спомнува Дебар е мапата на Птолемај, направена околу средината на 2 век п.н.е. во која се нарекува Deborus. Византискиот император Василиј II знаел за неговото постоење, додека Феликс Петанчиќ го нарекува овој град Dibri во 1502. Во времето на османлиската империја Дебар бил дел од Битолскиот вилает. На почетокот на 19 век Дебар се побунил против турскиот султан, и во овој период, како што тврди еден француски патеписец - Дебар имал 64 продавници и 4200 жители. На крајот од векот, градот имал 15500 жители, но после Прва Светска војна, овој број се намалил.

Во 17-19 век многу развиена била Дебарската дрворезбарска школа. Нејзините претставници изработиле многу иконостаси во Македонија , Бугариjа, Србија па дури и во Русија. Кон крајот на 18 век, во дебарскиот затвор бил затворен и измачуван од турските власти големиот македонски преродбеник Григор Прличев, кој убаво го има опишано Дебар во својата автобиографија.

Поради својот економски процут, богатството на своите жители и прочуеноста на дебарските мајстори-градители и ѕидари во времето на Отоманската Империја постоела изреката: „Стамбол гори, Дебар го гради“.

Во непосредна близна на Дебар (веднаш после таблата од лева страна) се наоѓа селото Рајчица кое е всушност негово предградие, во кое се наоѓа женскиот манастир Свети Ѓорѓи Победоносец кој е метув на најбогатиот македонски манастир Свети Јован Бигорски. Манастирот е возобновен во 1999 година и денес таму повторно се слави Ѓурѓовден. Во близина на дебарските села Баниште и Долно Косоврасти се наоѓаат познатите Дебарски бањи. Во Дебар сеуште може да се најдат некои изумрени занаети како терзии, дограмаџии и останати занаети кои сеуште опстојуваат и во чаршиите во Прилеп и Битола. Истотака познати се и дебарските мајстори-ѕидари и дебарските тапанџии и зурлаџии.

Најпознати и најголеми стопански капацитети кои вработуваат голем број работници се рудникот и фабриката за гипс „Радика - КНАУФ“ и хидро-централата „Шпилје“. Во Дебар работат и неколку ќилимари чии ќилими често се пласираат на странските пазари. Со осамостојувањето на Македонија и отворањето на границата со Албанија во градот голем развој доживеа трговијата и малостопанството.

Гостивар - Некои податоци за Гостивар

Гостивар е град во западна Македонија во јужниот дел на Полошката котлина.
Според пописот од 2002 година, градот Гостивар има 35847 жители.

Градот лежи во котлината Полог (Горни Полог) на надморска височина од 510 метри. Во близина на Гостивар во селото Вруток (5 км југозападно од Гостивар) се наоѓа изворот на најголемата македонска река Вардар која тече и низ самиот град кој го дели на два дела ,а истотака во негова близина се наоѓа најголемиот македонски национален парк и cкијачки центар Маврово. Гостивар е на 67 километри одалеченост од Скопје, а од Тетово е 27 километри, Еден е од најубавите градови во Македонија по својата инфраструктура и цистота,

Град кој со голема брзина се гради и станува еден од поубавите градови во Македонија.

Во градот постојат повеќе знаменити објекти (пред се од турскиот период на владеење) како неколку џамии и препознатливата саат-кула во центарот. Исто така на самиот плоштад доминира со својата импозантна големина црквата Света Богородица. Во градот постоела турска бања-амам кој бил срушен, а на тоа место до пред некое време се наоѓаше филијалата на Стопанска Банка (срушена пред неколку месеци).

Стопанската дејност во Гостивар се развива кон крајот на XIX век со формирањето на гостиварската чаршија од занаетчии трговци дојдени од Велес, Кичево, Крушево, Дебар и Тетово. Порано во Гостивар имало многу терзии, опинчари, самарџии, сарачи, казанџии итн. Денес во Гостивар се развиени трговијата, индустријата и стопанството. Познати индустриски капацитети се комбинатот „Силика“, Стакларницата, текстилната индустрија Готекс, кланицата „Горни Полог“, мелничарскиот комбинат Жито Шар, фабриката за доломит „Вардар Доломит“ која е приватизирана пред неколку години и успешно ги пласира своите производи и на странските пазари. Последните години во огромен пораст е трговската дејност. Низ градот има повеќе маркети на гигантот „ГЕТРО“ кој има продавници и маркети и во Хрватска, а во самиот центар на градот до саат-кулата е изграден современ модерен трговски центар „Де Јуре“ на повеќе катови со структурална фасада.

Гевгелија - Кратки информации за Гевгелија

Гевгелиската општина преставува дом на околу 20.000 жители од кој најголемиот број живее во општинскиот центар Гевгелија (15685 жители), лоциран на десното крајбрежје на реката Вардар, на надморска височина од 64 метри. Останатите жители живеат во околните 11 населени места.

Оваа медитеранско подрачје од секогаш представувало значајна крстосница за патниците и стоката кои патувале од Европа кон Блискиот Исток или обратно. Со изградба на железничката пруга Скопје-Гевгелија-Солун во 1873 година и на автопатот Скопје-Гевгелија, таа стана значаен транзитен коридор. Гевгелија се наоѓа на само 70 km од Солун, а на 165 km од Скопје, главниот град на Р. Македонија. Токму поради значакните сообраќајници тука се вкрстуваат патиштата од север и југ, така што Гевгелија представува Европска порта за сите оние кои тргнале на север.

Гевгелија е нарекувана македонски Лас Вегас, бидејќи во Гевгелија и нејзината околина има голем број на казина, меѓу нив и едно од најдобрите казина на Балканот - „Казино Фламинго Хотел"

Гевгелија како град почнала да се развива уште од средината на 19 век, кога населението од овие краеви ја почуствувало потребата да создава современа населба во помош на на минувачите-трговци и да биде домаќин на нивните патувања кон Блискиот Исток со многубројни анови.

Не смее да се занемари фактот дека Гевгелија е излезот на Република Македонија во Европската Унија.

Виница - Кратко за Виница

Виница е гратче во источниот дел на Република Македонија, сместено во Кочанско-виничката котлина, помеѓу Осоговските планини и планината Плачковица.

Низ Виница течат реките Виничка и Градечка, а во нејзина близина течат реките Осојница и Брегалница. Виница брои околу 10803 жители.

Во Виница има две основни и едно средно училиште, библиотека, дом на културата, кино сала, градинка, здравствен дом, базен, метеоролошка станица, центар за едукација на деца и млади итн. Виница го има поштенскиот код 2310, и повикувачкиот телефонски број 033.

Велес - Историја и потекло на Велес

Велес постои како урбана населба од 168 година п.н.е. Но најпрвин старите антички населби односно Вила Зора биле источно (кон Свети Николе) во однос на денешната положба на градот. Со подцнежното населување на Словените градот бил сместен на денешната положба и го добил денешното име Велес. Градот имал средна економска развиеност обично преку трговијата која се обавувала со сплавови по Вардар кон Солун и Скопје. Меѓутоа Велес доживува вистински економски развиток преку изградбата на Вардарската железница (Солун-Скопје) кон крајот на XIX век, а подоцна и со железничката пруга кон Прилеп и Битола во 30-тите години на XX век.
Велес на десниот брег на Вардар со познатата Саат-Кула
Велес на десниот брег на Вардар со познатата Саат-Кула

Кон средината на XIX век Велес ќе биде еден од центрите на македонската национална борба. Познати се протерувањата на бугарските и српските пропагандистички учители и протерувањето на најголемиот бугарски пропагандист П.Р.Славејков, а мнозина српски и бугарски пропагандисти во своите записи сведочеле дека во Велес населението започнало себеси да се смета за Македонци и таа „опасност“ почнала да се шири кон Скопје, Прилеп и Битола. Во четириесетите години на XIX век, во Велес Јордан Хаџи-Константинов - Џинот го отворил и првото училиште на народен македонски јазик. Во времето на Македонското национално будење и револуцинерно - ослободителното движење Велес има дадено значајни Македонски борци и просветители. Од Велес и велешко најпознати Македонски национални дејци биле: еден од основачите на ВМРО Петар Поп Арсов (инаку од селото Богомила), непобедливиот велешки војвода Андреја Димов Докурчев, Гемиџиите, Панко Брашнаров итн. Во повоената ослободена Македонија Велес ќе доживее вистински подем особено во индустријализацијата со отварањето на многуте фабрики (за жал денес затворени), а црна дамка на овој период ќе останат Велешките Егзекуции извршени во 1945 година врз неколку видни Велешани под сомнение дека биле соработници на бугарскиот окупатор.

Во текот на историјата градот често го менувал името од Вила Зора, преку Ќупурли до Велес (од 1946 до 1991 година градот го носеше името Титов Велес). Денешното име го добил во VII век со доаѓањето на Словените на Балканот, од словенското В ЛЕС што значи „в шума“ (заради густите шуми што го опкружувале) што е поточна констатација. Но некои слависти сметаат поради голите тревнати ридишта и реката Вардар местото го населувале сточари чиј словенски бог на стадата бил Велес.

Валандово - Некои Информации за Валандово

Валандово е град во југоисточниот дел на Република Македонија на патот кон Дојран. Од Валандово се двои и пат кон Струмица.

Главна стопанска гранка на населението е земјоделството особено одлгедување на житни култури, винова лоза, бостан, градинарски култури (пиперки, домат), тутун и др.

Во градот постојат и два индустриски капацитети од прехранбената (фабриката за кондиторски производи „9 ноември“) и текстилната индустрија, а работат и повеќе доста успешни приватни фирми од областа на винарството, цигарите и тутнопрозиводството кои имаат поволни услови за развој поради близината на Валандово до грчката граница.

Според пописот од 2002 година во Валандово живеат 4402 жители

Богданци - Основни податоци за Богданци

Богданци е град во јужниот дел на Република Македонија. Гратчето Богданци се наоѓа во источниот дел на Гевгелиско-валандовската котлина односно областа Бојмија, на патот помеѓу Гевгелија и Дојран, и е седиште на општината Богданци.

Битола - Основни податоци за Битола

Битола или Град на конзулите, е град во југозападниот дел на Република Македонија. Битола е административен, културен, економски, индустриски, образовен и научен центар.

Градот е опкружен со планините Баба (со врвот Пелистер, 2,601 m) и Ниџе, лежи на реката Драгор, во центарот на пелагониската котлина, на 14 km северно од границата со Република Грција, на надморска височина од 576 m.

Битола е важна трговско-патничка врска помеѓу Јадранското и Егејското Море, како и една од најзначајните патнички врски на Балканот со Централна Европа. Се смета за еден од најубавите градови на Балканот со убаво уредени шеталишта, паркови и градби. Во Битола има бројни дипломатски прертставништва на странски држави во Република Македонија.

Според бројот на жители, Битола е втор по големина во Република Македонија, додека по површина е трет. Град со една од најстарите истории во Европа. За време на Југославија бил еден од културните центри, како во Кралството Југославија, така и во СФР Југославија.

Берово - Град во Македонија

Берово е стара населба. Настаналa кога околните села и населби почнале да се „берат“.
Во општина Берово живеат 13491 жители, од кои 95,65% се Македонци, а останатите се Роми, Турци, Срби и Власи.

Берово е град во источниот дел на Република Македонија, кој е сместен под падините на Малешевските планини на површина од 595 km. Во негова близина се наоѓа и Беровското Езеро. Берово се наоѓа 161 km од Скопје, 47 km од Струмица и 52 km од Кочани. Климата е умерено - континентална со одредени карактеристики на планинска клима.

Во селото Разловци во близината на Берово, во 1876 година е дигнато познатото Разловечко востание на чело со легендарниот македонски револуционер од овој крај Димитар Поп-Георгиев Беровски кој е роден во градот Берово.

Населението во градот и целата Малешевска област се занимава претежно со земјоделство. Поради специфичноста на земјиштето во Малешевијата најмногу се одгледува компир по кој Берово е доста познат. Исто така Берово е познато и по Беровското бело сирење. Со планот за изградба на граничен премин кон Бугарија со кој Берово би се поврзало со Сандански значајно би се подобрило стопанството на целиот регион.

13 декември 2007

Демир Капија - Прв пост

Дали сте ја виделе или, пак, сте слушнале за камената убавица Демир Капија.
Уште од времето кога било пронајдено огненото оружје, Крале Марко живее во Демир Капија, тој се уште спие во длабок сон во една тамошна пештера.

Во близина на Демир Капија, на левиот брег на реката Вардар, се наоѓа планина со необично ехо.

Дебар - Прв пост

Дебар е град во крајниот западен дел на Западна Македонија и воопшто на Република Македонија близу до границата со Албанија. Дебар се наоѓа, до Дебарското Езеро, кое е заезерено на утоката на Радика во Црн Дрим.Помеѓу Долни и Горни Дебар, на еден саат оддалеченост од градот, се наоѓа еден тесен и два метра висок камен, од дебарчани наречен Гури Спу или Дупен Камен.

Дебар лежи во југоисточниот дел на Дебарското поле на надморска височина од 625 метри. Треба да се напомене дека иако во Дебар се попишани 1415 луѓе како Турци, тоа се всушност Македонци (муслимани) со оглед на тоа дека од попишаните Турци 98% за мајчин јазик се изјасниле дека им е македонскиот.

Првиот пишан документ што го спомнува Дебар е мапата на Птолемај, направена околу средината на 2 век п. Во времето на османлиската империја Дебар бил дел од Битолскиот вилает.

Кон крајот на 18 век, во дебарскиот затвор бил затворен и измачуван од турските власти големиот македонски преродбеник Григор Прличев, кој убаво го има опишано Дебар во својата автобиографија.

Во Дебар сеуште може да се најдат некои изумрени занаети како терзии, дограмаџии и останати занаети кои сеуште опстојуваат и во чаршиите во Прилеп и Битола.

Гостивар - Прв пост

Според една легенда, Гостивар денешното име го добил за време на владеењето на Волкашин. Манастирските луѓе често ги посетувале чифлиците кај Гостивар, каде што добро биле гоштевани. Легендата вели дека по "гостувањето" и населбата била наречена Гостивар. Градот Гостивар тогаш бил место на Сувогорските манастири.

Виница - Прв пост

Виница мал град во долината на реката Брегалница, во источниот дел на Македонија. Низ Виница минува регионалниот пат од Кочани до Берово, преку кој општината се поврзува со овие две соседни општини.

Во Виница во последните неколку години се работи на модернизирање и уредување на градот, така да денес може да се каже дека е едно од најубавите и најуредени гратчиња во Македонија.

Валандово - Прв пост

Валандово е град во југоисточниот дел на Република Македонија на патот кон Дојран. Во градот постојат два индустриски капацитети од прехранбената (фабриката за кондиторски производи „9 ноември“) и текстилната индустрија, а работат и повеќе доста успешни приватни фирми од областа на винарството, цигарите и тутнопрозиводството кои имаат поволни услови за развој поради близината на Валандово до грчката граница.

Според едно старо предание, кога Марко Крале се враќал од Прилеп од прошетка по планината Беласица, каде што ја одмерил својата сила фрлајќи големи камења во Дојранското езеро од кои еден се забил во месноста Дикили Тас северозападно од Дојран откако ја минал Анска река, го запрел коњот Шарец над Валандово, во месноста Манастирот.

Битола - Прв пост

Битола е вториот најголем град во Македонија, кој е регионален, економски и универзитетски центар во југозападниот дел од земјата.

За време на владеењето на Отоманската Империја, Битола бил значаен дипломатски, културен и комерцијален центар на Балканскиот Полуостртов.

За сочувување на градителското наследство на градот Битола најзначајна е, а воедно и прва во Македонија секторската студија “За културното историско наследство на подрачјето од Општината Битола” во 1976 година, која беше една од обврзните студии за изготвување на ДУП на градот.

10 декември 2007

Македонија - Земја на Предизвици

Македонија е земја со среден ризик за странски инвестиции. Македонија е земја со среден безбедносен и политички ризик во однос на деловната стабилност, што значи дека „постои разумна можност за безбедносни проблеми кои ги засегнуваат компаниите, но нема постојана закана насочена посебно кон странските компании“, покажува студијата „Риск мап 2008“ на консултантската куќа „Контрол рискс“ (Control risks). Македонија е земја во која се промовираа силите на ЕУ. Земја со сопствен квалитет на живеење и животен стил кој го разбира уживањето во мали но многу важни работи кои го прават животот. Македонија е земја која е дарувана со плодна почва, обилна со води и многу сонце, сето тоа треба добро да се искористи.

Република Македонија е земја со долга и богата историја, на чие тло се создадени извонредно значајни материјални и духовни дела, кои се производ на човековата активност од праисторијата до денес.

08 декември 2007

Прв пост за Македонија

Македонија е етнички, географски и историски регион на Балканскиот Полуостров во југозападна Европа, со површина од 67,741. Македонија има карактеристичен релјеф кој во најголем дел е составен од планини кои припаѓаат на старите грамадни планини на родопската група и младите верижни планини на шарската група. Постојат најразлични толкувања за проникнувањето на името „Македонија“. Елис, така и грчкиот професор и археолог Фотис Пецас тврди дека Македонците уште пред да дојдат на просторот на Македонија, го имале своето име Македонци и тие на оваа територија која дотогаш имала друго име и го дале своето народно име. Името Македонци беше најпрвин народно, а потоа стана историографски поим Македонија”. Најстариот пронајден скелет на човек на територијата на Македонија е пронајден на локалитетот Камени Гумна (Петралона), и се смета дека човечкиот скелет е стар 160000 години. На територијата на Македонија жители се забележуваат уште од старото камено време (Палеолитот) односно на повеќе места се пронајдени пештерски живеалишта што сведочат дека во Македонија живееле луѓе уште 2000 години пред нашата ера. Кон крајот на X век на територијата на Македонија царот Самуил ќе го устоличи своето големо словенско царство кое ќе опфаќа големи делови од Балканот, а наскоро по Беласичката битка во 1014 година, ќе биде уништено од Византија.

Христијанството во Македонија го ширел апостолот Павле, кој според Библијата на сон бил повикан во Македонија од еден човек Македонец, каде што светиот апостол Павле ги формирал и првите христијански општини на европскиот континент. По поделбата на римското царство Македонија подолг период ќе биде под власта на Византија. Големи етнички промени во Македонија ќе настанат со доселувањето на Словените во текот на V и VI век, чии главни карактеристики се главно обележје на Македонија до денес.