19 декември 2007

Берово - Град во Македонија

Берово е стара населба. Настаналa кога околните села и населби почнале да се „берат“.
Во општина Берово живеат 13491 жители, од кои 95,65% се Македонци, а останатите се Роми, Турци, Срби и Власи.

Берово е град во источниот дел на Република Македонија, кој е сместен под падините на Малешевските планини на површина од 595 km. Во негова близина се наоѓа и Беровското Езеро. Берово се наоѓа 161 km од Скопје, 47 km од Струмица и 52 km од Кочани. Климата е умерено - континентална со одредени карактеристики на планинска клима.

Во селото Разловци во близината на Берово, во 1876 година е дигнато познатото Разловечко востание на чело со легендарниот македонски револуционер од овој крај Димитар Поп-Георгиев Беровски кој е роден во градот Берово.

Населението во градот и целата Малешевска област се занимава претежно со земјоделство. Поради специфичноста на земјиштето во Малешевијата најмногу се одгледува компир по кој Берово е доста познат. Исто така Берово е познато и по Беровското бело сирење. Со планот за изградба на граничен премин кон Бугарија со кој Берово би се поврзало со Сандански значајно би се подобрило стопанството на целиот регион.

Нема коментари: